fbpx

Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето-платата, најави Анѓушев

-

Субвенциите што странските инвеститори ќе ги добиваат од државата ќе зависат од висината на нето-платата што им ја исплаќаат на вработените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Тој изјави дека сите инвеститори досега имале два договора, од кои едниот бил за инфраструктура, односно за добивање земјиште и за градење хала, додека вториот договор бил за доделување директна финансиска помош од државата.

– Вториот тип договори вклучуваат стандардни мерки за помош, а тоа се ослободување 10 години од плаќање данок на добивка и од плаќање персонален данок на приход за вработените, ослободување од плаќање царина и данок на додадена вредност (ДДВ) при увоз и од издавање банкарска гаранција спрема Царинската управа во бесцаринските зони. Овие мерки биле присутни во сите договори и со нив нема проблем. Но, тоа што како Влада го гледаме како проблематично е што за секој странски инвеститор имало дополнителна финансиска помош, при што дискреционо било правото на преговарачите да одлучат каква помош ќе им биде дадена – појасни Анѓушев.

Тој додаде дека дополнителната финансиска помош нема повеќе да биде дискреционо право на кој било преговарач. Со измените што ги планира новата влада, според него, ќе се направи точна детерминација на странските инвеститори кои може да имаат влијание на подобрување на македонската економија.

Анѓушев додаде дека Владата ќе ги испочитува договорите со инвеститорите што веќе работат во Македонија, а новите услови ќе важат за нови инвеститори. Сепак, тој додава дека ќе се реагира таму каде што државата е оштетна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...