fbpx

„Студентски пленум“ бара да се повлече законот, па потоа да дебатираат

-

Барањето на „Студентски пленум“ е да се повлече законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите, па дури тогаш може да се води дебата. Ова, преку својата фејсбук-страница, студентите му го порачаа на премиерот Никола Груевски.
Во соопштението на „Студентски пленум“, пишува дека нема да ги изложуваат своите ставови во дебати кои не можат да влијаат на законот. Тие сакаат да дебатираат околу самата потреба да се воведе државниот испит, а не за техничките недостатоци на тестирањето и сметаат дека државен испит не треба да постои во високото образование.

„Со зачудување гледаме на излагањето на премиерот на понеделничката „дебата“ во Собранието на РМ. Според него, веќе три месеца се водела дебата околу измените во Законот за високо образование. Затоа, се чини со право, се запрашуваме: дали е тоа истиот човек кој пред три недели во интервју за телевизија „Канал 5“ изјави дека не знае зошто „Студентски пленум“ протестира, па и претпостави дека сето тоа е поради „некаква младешка бунтовност“? Дали тој мислеше на истиот период во кој, иако „Студентски пленум“ постојано го бараше тоа, неколкупати беа одбивани предлозите за дебата со изговор дека е сè уште рано? Сега, кога законот е веќе пред второ читање во Собранието, секоја друга дебата надвор од процедурите нема да постигне ништо и е во спротивност со нашата аргументација и со нашата цел. За крај, дозволете ни да се осврнеме на изјавата на премиерот, според кој, доколку изложиме суштинска аргументација, таа ќе биде прифатена, а измените на Законот за високо образование ќе бидат повлечени. За таа цел, во писмо со кое директно ќе се обратиме до премиерот, ќе ја повториме нашата суштинска аргументација, а него ќе го замолиме да си остане достоен на кажаното и да ги повлече измените во законот“, реагираат студентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...