fbpx

„Студентски пленум“ закажа собир пред Ректорската управа

-

Студентите од „Студентски пленум“ утре, во 8 часот, ќе се соберат пред Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ), каде што е закажана вонредна седница по повод случувањата околу изборот на нов студентски лидер.

Тие ги повикуваат своите колеги да дојдат на седницата и да го споделат своето мислење околу изборот на новиот претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКМ), Давор Поповски.

Студентите, на протестот кој во петокот го почнаа пред зградата на Студентски парламент и потоа продолжија на платото пред УКИМ, уште еднаш порачаа дека бараат поништување на изборите за претседател на СПУКМ.

Тие ја оспоруваат регуларноста на изборите бидејќи на гласањето немаше избирачки список, печати на гласачките ливчиња, паравани за тајно гласање, а избирачките кутии беа обложени со бели листови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...