fbpx

„Студентски пленум“ повика на блокада на студентските избори

-

„Студентски пленум“ денеска ги повика студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) утре во 12 часот да излезат на платото на УКИМ и да се приклучат во блокадата на студентските избори.

Тие велат дека студентите имаат право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни.

– Потсетуваме дека блокадата не е кривично дело како што претходно пренесоа некои медиуми. Ние сите сме членови на Студентски парламент и како такви, обесправени сме прво во делот да кандидираме наш кандидат, потоа да имаме пристап до правните акти што ги регулираат изборите, пристап до Собранието и до состаноците на Студентскиот парламент – велат од „Студентски пленум“.

Оттаму соопштуваат дека е формирана комисија од неколкумина професори, двајца претставници од Студентски парламент и од двајца претставници од „Студентски пленум“ кои треба да подготват предлог-текст за измени на статутот на УКИМ во делот на студентското организирање.

– Сметаме дека студентите имаат апсолутно право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни, осебено земајќи предвид што комисија почна со работа и во краток рок до 15 септември треба да понуди предлог-текст до Сенатот за измени на статутот на УКИМ во делот на студенското организирање – изјавија од пленумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...