fbpx

„Студентски пленум“: Ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме

-

Сите наши писма до институциите беа отфрлени, освен тоа кај претседателот, кој ни рече дека ќе одлучи државнички. Знае ли тој како еден државник треба да го почитува Уставот, праша Ана Нешовска од „Студентски пленум“ денеска пред Собранието на Македонија.

– Со овој закон се крши автономијата на Универзитетот. Ако тој се донесе, од утре ќе можеме да ги распуштиме факултетите. Сакаме да го прашаме министерот Абдилаќим Адеми дали дипломи ќе добиваме на квиз со пет прашања? Дали треба да носиме партиска книшки на полагање, како што е со вработувањата. Ако сето ова се случи, ние ќе преземеме порадикални мерки: ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме. Универзитетот е наш и повторно ќе го заземеме – истакна Нешовска.

Пред Собранието на Република Македонија се одржа перформанс на маратонци, кои трчаа околу транспарентите, алудирајќи на брзината со која пратениците ги изгласаа измените на законите за образование во прво читање.

На присутните им се обрати и Петрит Сарачини, кој рече дека доволно време имала Владата да се премисли за овие измени.

– Пропаднаа јавните дискусии и дебати. Власта нема слух за студентите и за нивните барања, па затоа единствено остана да се протестира за да се избори академскиот свет за европско образование. Можеби некој ќе рече дека ова е опозициски протест, но не е така. Ова е собир на студенти, на граѓани, кои се борат за подобро утре – рече Сарачини.

Од „Професорски пленум“ повикуваат вечер во 19 часот сите граѓани да се соберат пред Собранието на Македонија за да ја погребат убиената демократија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...