fbpx

„Студентски пленум“ го одложи референдумот за следната среда

-

Првиот студентски референдум, кој требаше да се одржи утре, ќе се одложи за една недела, информираат од „Студентски пленум“. Новиот датум за референдумот е 5 октомври.

– Голем број студенти апелираа дека индексите им се заглавени во административните служби, односно на студентски прашања заради уписите. Втората причина е што уписите на одредени факултети се пролонгирани, односно ќе траат до 30 септември. Трета причина е затоа што дел од студентите се во САД на програмата „Ворк енд травел“ и фер би било да ги почекаме да се вратат за да можат да си го искажат мислењето – вели Деа Здравковска од „Студентски пленум“.

Од пленумот потсетија дека студентскиот референдум е единствената алатка со која студентите ќе можат да си го изразат својот глас за студентското организирање.

На референдумот можат да гласаат сите студенти на додипломски и на мастер-студии. На 23 факултети ќе биде обезбедена изборна комисија со избирачки кутии.

Студентите на референдумот треба да се изјаснат дали Студентскиот парламент треба да функционира во рамки на УКИМ и да го изгуби статусот на регистрирана невладина организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...