fbpx

Привршува хоророт на студентите во „Гоце Делчев“

-

Интензивно се работи на реновирање на еден блок на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

„Мета“ беше во студентскиот дом да провери како се одвива санацијата на објектот од кој се појавија навистина застрашувачки снимки по странските медиуми. Состојбата во моментов е ваква:

Четиринаесетиот и тринаесетиот кат се речиси готови, а на првите катови сè уште интензивно се работи. На погорните катови ѕидовите се малтерисани, подот е завршен, плочките се залепени. На подолните катови сè уште се мести инсталацијата и се поставува парното, а ѕидовите чекаат малтер. На приземјето и на првите катови сè уште нема поставено ни гипс-картон на ѕидовите, a инсталацијата е во фаза на поставување. По завршување на санацијата, објeктот треба да има целосно нова инсталација, ново парно и нова водоводна мрежа. Целосно ќе бидат заменети сите врати и прозорци, а двата лифта ќе бидат заменети.

Мајсторите што ги сретнавме таму велат дека до мај треба целосно да заврши реконструкцијата и дека поради тоа работат со полна пареа, па дури и за викенди.

– Работиме интензивно затоа што мораме што поскоро да го завршиме објектот. Работиме секој ден, дури и за викенди. Сега за Велигден ќе одмориме неколку дена, но потоа пак почнуваме интензивно со работа. Пред да почнеме со санација, објектот беше речиси целосно руиниран, без основни услови за живот – вели еден од мајсторите.

Откако на британски „Индипендент“ се појавија слики од руинираната состојба на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, Министерството за образование и наука реши постепено да ги реконструира четирите блокови. Во моментов сè уште трае реконструкцијата на првиот блок Б, која почна во октомври минатата година. Иако рокот за завршување на реконструкцијата беше март оваа година, сепак градежните работи сè уште се одвиваат, а студентите кои живееле во тој блок се распоредени по другите блокови.

Градежните работи ги изведува фирмата „Виа“ од Вевчани и според електронскиот систем за јавни набавки, договорот помеѓу Министерството за образование и „Виа“ чини 76.397.375 денари, односно 1,2 милиони евра. Договорот е склучен на 6 август 2014 година. Истата фирма пред неколку години градеше и дел од Охридската општа болница. Тогаш претседателот на Општинскиот комитет на СДСМ во Охрид, Науме Јовановски, обвини за непотизам, изјавувајќи дека „Виа“ е фирма на таткото на сопругата на поранешниот пратеникот од ВМРО-ДПМЕ, Александар Спасеновски.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено“, стои дека до 2016 година целиот студентски дом треба да биде комплетно саниран.

„Ќе продолжиме со изградба и со реконструкција на капацитетите за сместување на студентите. Досега целосно е обновен дел од студентскиот комплекс „Стив Наумов“, со изградба на осум комплетно нови павилјони за сместување на студенти на местото на старите бараки и реконструирани се двете машки згради. Во периодот што следи, планирано е комплетно реновирање на студентскиот дом „Гоце Делчев“ – Скопје. Реновирањето на овој дом ке биде во фази со целосно завршување во 2016 година. Буџет: 400-500 милиони денари“, се вели во програмата.

Како беше Како е сега

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...