fbpx

Студентите од Битола со порака до Владата: Не сме експериментални глувци

-

„Сега ќе нè слушнете“, „Лесно ви е вам, никогаш не сте студирале“, „Индексот е книшката“, „Екстерно за Владата“ и „Стоп за лошите реформи во образованието“, беа само дел од паролите што ги скандираа студентите и средношколците од Битола на денешниот протест на кој масовно маршираа низ градот.

Преку илјада млади, но и возрасни битолчани, почнувајќи пред Техничкиот факултет во Битола, повеќе од час и половина маршираа преку Широк сокак сè до седиштето на Општината и до Рекоторатот на битолскиот универзитет за да им кажат гласно на првите луѓе на Универзитетот дека не прифаќаат тестирање и државен испит на факултетите.

– Гласно се спротиставивме на одлуката за екстерно тестирање или државен испит, како сакате наречете го, тоа не е важно зашто сметаме дека тоа е крајно неквалитетна мерка. Нашето знаење е повеќе од сто прашања. Овој марш решивме да го завршиме пред зградата на ректоратот, бидејќи неколкупати тие беа повикани да се изнесат по ова прашање, но останаа глувонеми. Денеска се тресе Скопје, се стресоа Битола, Прилеп и Штип. Ова е единствената можност во последните десет годни да се кренеме масовно и да го слушнат нашиот глас. Доста ни е да бидеме експериментални глувци и доста од бесконечни реформи – изјави Борче Настевски од „Студенстки пленум“.

Претсавници на студентите се сретнаа со рекоторот на битолскиот универзитет, Златко Жоглев, и од него побараа ректоратот да заземе став во врска со воведувањето на државниот испит. На протестот не се појавија претставници на Студентскиот парламент, па студентите изјавија дека од денес тоа тело е мртво, а пленумот го зазема неговото место. Се пожалија дека веќе неколку дена наназад имале притисоци да не излегуваат на протестот.

– Во „Студентски пленум“ имаме и голем број средношколци кои нè поддржуваат. Имаше поплаки од нив дека добиле конкретни закани од вработени во училиштата дека ако излезат на протест, ќе им биде намалено поведението – изјави Бранко Јаковлевски, студент во трета година и претставник на „Студентски пленум“.

На студентите им се приклучија родители, пензионери и други граѓани кои им дадоа поддршка на протестот.

-Тука сум во одбрана на моите внуци, за демократски студии, студенти не треба да трпат некој да им наложува нешто што не треба, сами да одлучуваат младите, а ние повозрасните ќе ги поддржуваме. Животот го даваме ако треба младите да победат, а не некој друг да им наметнуваат погрешни одлуки-изјави Душко Митревски, пензионер од Битола.
А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...