fbpx

Студено време со врнежи од снег

-

Времето денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата ќе се движи од минус четири до еден Целзиусов степен.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремен снег особено претпладне. Температурата преку денот ќе достигне до минус еден Целзиусов степен.

Во наредните денови земјата ќе биде под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег. Во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни.

Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда, претежно на југот.

Снег најмногу има во Маврово каде е формирана снежна покривка од 78 сантиметри, во Лазарополе има 51 сантиметар снежна покривка, Крушево 41, Пожаране 38, Ѓуриште 25, Дебар и Тетово 20, Дојран и Претор 17, Битола 16, Скопје и Тополчани 15.

Минималните температури во целата земја биле под нулата. Најниска е измерена во Маврово минус 11, минус девет во Крушево, Ѓуриште и Пожаране, минус осум Лазарополе и Дебар, минус седум Тополчани, минус шест Скопје, Тетово, Прилеп, Берово и Крива Паланка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...