fbpx

Студено и магливо време

-

Во Скопскиот регион утринава има магла која се очекува да се намалува веќе во претпладневните часови. Во текот на денот ќе дува умерен јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе се засилува. Температурата ќе достигне до девет степени.

Во источните делови од државата е умерено облачно, а на повисоките места дува југоисточен ветер. Претпладне се очекува од запад да се прошири облачноста и да дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер, особено на север од државата. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб дожд. Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени.

Од утре попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините ќе врне снег, а во недела ќе има врнежи од слаб снег и на некои повисоки места, особено на запад и на север.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...