fbpx

Струшкото КУД „Клеопатра“, дел од манифестација „Македонија наш дом“

-

По повод празнувањето на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права и слободи, Културно-уметничкото друштво „Клеопатра“ од Струга, заедно со музичарот Фуат Исакоски и со неговиот оркестар, ќе биде дел од културната манифестација „Македонија наш дом“ во Скопје, информираат од Заедницата на Египќаните.

Оваа мултикултурна манифестација ја организира Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ.

На манифестација „Македонија наш дом“ својата културно-уметничка дејност ќе ја претстават дванаесет заедници од Република Македонија. Ќе настапат културно-уметнички друштва, вокални ансамбли, литерати, актери, солисти и други естрадни уметници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...