fbpx

Стразбур утврди дека истрагата за случајот на Мартин Нешковски била законски спроведена

-

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која се вели дека за случајот со убиството на Мартин Нешкоски нема повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права во смисла на ефективноста на истрагата, објави „Академик“.

Мајката на Мартин Нешкоски, Ленка Нешкоска, до Европскиот суд за човекови права се жалела дека истрагата за смртта на нејзиниот син не била ефективна.

Судот образложува дека нејзиниот син, Мартин Нешкоски, бил убиен од припадник на специјалните полициските сили за време на прославата за резултатите од изборите во 2011 година.

Повикувајќи се на домашниот судски процес против полицаецот Игор Спасов, судот истакнува дека за убиството на Нешковски имало судски процес, кој резултирал со изречена 14-годишна затворска казна за Спасов.

Во врска со истрагата за случајот, судот образложува дека јавниот обвинител побарал од истражниот судија да отвори истрага против Спасов, но за време на истрагата мајката на Мартин Нешкоски поднела кривична пријава против уште четири лица, од кои тројца била припадници на полицијата, под сомневање дека тие му помогнале на Спасов да го прикрие убиството и погрешно му кажале на јавниот обвинител дека Нешкоски починал од предозираност со дрога.

Но, на 29 ноември 2011 година, јавниот обвинител ги отфрлил кривичните пријави, наоѓајќи дека нема основа посочените лица кривично да се гонат, односно, повикувајќи се на доказите, нашол дека три од лицата не биле присутни кога Спасов смртоносно го удрил Нешкоски. Незадоволна од ваквата одлука, мајката на Нешкоски продолжила правдата да ја бара како супсидијарен тужител. И во овој случај нејзината пријава била отфрлена.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...