fbpx

Стразбур реши 25 години стар случај на Македонци

-

Цели 25 години, поширокото семејство Штерјови од Штип се обидувало да си ја врати земјата што му била одземена во периодот на колективизацијата во минатиот век. На крај, процесот го загубило, но, правдата ја нашло во Стразбур, во Судот за човекови права.

Во 1982 година, преку суд, четворицата браќа Штерјови побарале државата да им ја врати земјата што на нивниот татко му ја одзела државата. Понудиле и тапии од туско време, како доказ на сопственоста. Цели 25 години, вели адвокатот Трајче Торов, судот ги испраќал од Основен суд на Аплеациски и обратно, за, на крај, во 2007 година, да пресуди дека тужбата им е одбиена.

– Неколку генерации го водат овој процес, дел од тужителите се починати, така што по 25 години, конечно судот сфатил дека треба да ја одбие тужбата, а тоа можел да го направи и во 1982 година, без трауми и за да се избегнат толку трошоци и нервози за тужителите – изјави Торов.

Во меѓувреме, од четворица браќа, тужители станале три генерации од семјството, па во процесот имало 22 вмешани странки. Дел од тужителите починале. Останатите, преку адвокатот Торов, одлучиле да ја тужат државата во Стразбур, во Судот за човекови права.

– Одлуката е само да им се признае дека е повредено правото на судење во разумен рок. Тоа е само морална, симболична сатисфакција за нервозите за овие 25 години, но проблемот не е решен – вели адвокатот.

Судот во Стразбур пресуди Македонија да плати отштета на граѓаните во случајот „Штерјов и други“ поради неможноста да добијат правично судење во разумен рок.

„Жалителите, потпирајќи се на тарифникот на македонската Адвокатска комора, барале 17.570 евра за трошоците и за издатоците што настанале пред домашните судови, како и износ од 21.824 евра за оние трошоци и издатоци што настанале пред меѓународниот суд. Владата се противеше на овие побарувања како прекумерни“, стои во пресудата.

Судот ја допуштил жалбата само за одреден број жалители, на кои Македонија ќе треба во рок од три месеци да им исплати по 2.200 евра на првиот, вториот и на третиот жалител поединечно.

Адвокатот Торов изјави дека тужителите не се многу задоволни од пресудата.

– Земјиштето и понатаму остана сопственост на Република Македонија и покрај тоа што имаат документ. Одземено им е земјиштето без никаков документ, така што тие не се многу воодушевени од оваа пресуда. Ова е само симболички гест зашто државата не требало овој предмет да го води толку многу време – рече Торов.

Штип е првиот град во Македонија чиј граѓанин доби позитивна пресуда во Стразбур за судење во неразумен рок, меѓутоа пред десетина години, судот досудуваше далеку поголеми износи од сегашните.

В.К.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...