fbpx

Странските компании ги откажуваат посетите поради кризата

-

За компаниите во преработувачката, металната и во електроиндустријата, влијанието на кризата се чувствува во откажувањето на веќе договорени и прецизирани датуми за посети од странски компании.

Странските компании од овие сектори, кои имале цел да ги посетат наши компании, дa ги разгледаат капацитетите и да прецизираат детали за склучување нови договори за наредниот период, ги откажале посетите.

Ова го покажува спроведеното анкетно истражување на Стопанската комора на Македонија за моменталното економско дејствување на компаниите во услови на актуелните состојби во земјата.

– Загрижувачки се резултатите за одложување и за откажување на најавените посети, кои би придонеле за дополнително склучување договори за соработка. Најави за откажување на планираните посети за реализација на идни соработки има кај металната, електроиндустријата, фармацевтската и кај земјоделско-прехранбената индустрија – изјави директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ.

Ваквите откажувања или одложувања на посетите се од компании од земјите на ЕУ и од Блискиот Исток. Како резултат на тоа, ваквата ситуација во наредниот период негативно ќе влијае на поголемо ангажирање на капацитетите, зголемување на производството, вработувањето и на размена со странство.

Кај компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор влијанието од моменталните состојби се чувствува на домашниот пазар.

Од почетокот на кризата, а особено во последните неколку месеци, потрошувачката на домашниот пазар е намалена, има благо зголемување на резервите на готови производи и се очекува оваа тенденција да продолжи и во наредниот период.

Доколку кризата се одолжи, можно е негативно влијание при склучување на нови договори во текстилната индустрија за наредната сезона, односно намалување на нарачките по октомври.

Компаниите, исто така, се загрижени бидејќи не се процесуираат навремено редовните административни постапки.

Според Пеева-Ѓуриќ, охрабрувачки е тоа што голем дел од домашните компании кои имаат долгогодишни стратешки партнери и имаат осигурани пласмани, немаат најави за раскинување на договорите или за нивно редуцирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...