fbpx

Странските компании бараат алтернатива на транспортот од Пиреја до Западна Европа

-

Првиот човек на грчката железница, Танасис Зилиаскопулос, си даде оставка во екот на грчката железничка криза поради ситуацијата со бегалците на преминот Идомени. Блокирањето на железничката пруга, кое создава застој во преминот на товарни возови што пренесуваат стоки до Европа од атинското пристаниште Пиреја, создава огромни проблеми и загуби за грчката железница и за странските инвеститори.

Ваквата ситуација, според информациите во Грција, го натерала Зилиаскопулос да се повлече од раководната функција.

Во меѓувреме, странските компании чија стока и материјали се пренесуваат од Пиреја до Западна Европа преку Македонија, веќе бараат и тестираат алтернативни рути. Бугарија се смета за проблематична рута поради што, како што пренесува весникот „Катимерини“, компаниите како „Хјулит Пакард“ почнуваат да го користат словенечкото пристаниште Копер.

Според весникот, странските компании и инвеститори, кои ѝ се неопходни на Грција, го губат трпението поради големите доцнења, проблеми и финансиски загуби со ситуацијата на границата. Работите се проблематични и за компаниите што имаат производствени фабрики или погони во Грција и веќе со недели чекаат основни материјали за да може да продолжат со работа. Во незавидна ситуација се и големи компании како компанијата за електродистрибуција ДЕИ, компанијата за вода, „Кока-кола“ и атинската пиварница кои чекаат одредени материјали од Унгарија.

„Катимерини“ упатува критика до владата поради ноншалантноста и нерешавањето на ситуацијата, која, според весникот, го урива имиџот и финансиските перспективи на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...