fbpx

Странските инвеститори бараат политичка стабилност и не чести промени на законите

-

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска го промовираште второто издание на „Бела книга 2018“, публикација во која се содржани препораки до македонската Влада како да се подобри деловната клима во државата.

Странските инвеститори бараат политичка стабилност, предвидлива деловна клима, инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата, реформи во јавната администрација за нејзина поголема транспарентност и ефикасност и не толку чести промени во законодавството.

– Реформите се неопходни за земјата, не можете да ги воведете од денес за утре, туку чекор по чекор. Треба постојано да работите и да се искачувате на планината, а за да стигнете до врвот ве чека голем пат –  рече претседателот на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер на промоцијата на „Бела книга“.

Странските инвеститори сметаат дека приближувањето кон ЕУ и НАТО е позитивен сигнал, но укажуваат дека е потребно сега да се забрзаат реформите.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека Македонија како мала држава мора да е извозно ориентирана и да се насочи кон реиндустријализацијата бидејќи тоа се елементите кои можат да ја придвижат економијата напред.

– Треба да се инвестира и државата да им помогне на оние кои се оспособени најбрзо да испорачаат работни места и инвестициона активност, ако сакаме да добиеме сите. Ние мора да бидеме извозна земја и да се се вратиме на реиндустријализацијата – рече Азески.

Тој исто така додаде дека потребна е и стратегија за долгорочен економски развој, јавно-приватно партнерство со Владата и јак коморски систем.

За премиерот Зоран Заев, политичката и регионалната стабилност се основниот предуслов за економскиот развој на една држава и носењето на храбри одлуки од страна на деловната заедница.

Сите се согласни дека е потребно да се направат и суштински реформи во делот на средното и високото образование и компаниите да вложуваат во обуки на вработените со цел да има квалификувана работна сила и младите да имаат практично искуство кога ќе се вработат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...