fbpx

Стотина повредени во пожар во фабрика на Филипини

-

Најмалку 100 работници, меѓу кои тројца Јапонци, се повредени во пожар кој избил во фабрика јужно од филипинскиот главен град Манила, соопштија локалните власти.

Како што се наведува, најмалку тројца вработени се водат како исчезнати, додека неколку илјади се евакуирани.
Пожарникарите по 18 часа успеале да го стават пожарот под контрола, но сè уште не е целосно згаснат.

Меѓу повредените, 10 се во критична состојба, изјави локалниот претставник Хезус Криспин Ремула.

Тој рече дека некои од вработените скокнале низ прозорците на трикатната фабрика, која произведува делови за монтажни куќи што се извезуваат во Јапонија.

Се претпоставува дека пожарот избил поради прегревање на одредени машини за производство.

Во фабриката, која се наоѓа 26 километри јужно од Манила, се вработени околу 15.000 лица, а третина од нив биле на работното место кога избил пожарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...