fbpx

Стопанска комора го поддржува планот за економски пораст

-

Стопанската комора на Македонија ги поддржува мерките кои се преточени во планот за економски пораст што беше промовиран од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, информираат од комората.

Од таму велат дека основата на овој план, дефиниран во неколку мерки, во одредена мера се совпаѓа со моделот на економски развој што тие го промовирале во 2010 година и во кој биле наведени 10 клучни прашања како нов модел или стратегија за забрзан економски развој.

„Идејата за тој модел беше да се поттикне производството и извозот, во чија основа ќе биде и економската поврзаност со претприемачите од малите земји, задолжителна консултација на бизнисот при донесување на законите и подзаконските акти, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот, привлекување странски инвестиции како приоритет за зголемување на надворешно-трговската размена, а притоа ставајќи фокус и на домашните компании со соодветна поддршка“, велат од Стопанска комора.

Од Стопанска комора ја поздравуваат и одлуката на Анѓушев, за етичност на постапките и неговото определување фирмите во негова сопственост да не учествуваат на државни тендери додека ја извршува оваа должност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...