fbpx

Столтенберг верува во конечна реализација на Договорот со Грција

-

На средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторите на Пратеничките групи во Собранието,  Соња Мираковска, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, како и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг нагласил оти е свесен дека обврските од Договорот на Македонија со Грција се чувствителни прашања за двете држави, но верува во позитивното заокружување на овој процес, извести собраниското Одделение за јавно информирање.

Столтенберг испратил порака за натамошна поддршка на НАТО во исполнувањето на реформските процеси, и нагласил дека за финализирање на процесот, е потребна ратификација во Парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, која ќе се реализира откако ќе бидат завршени сите обврски поврзани со спроведувањето на Договорот, односно донесувањето на уставните измени. Притоа порачал дека Алијансата не присилува ниедна држава да стане нејзина членка и ќе ја почитува суверената одлука на граѓаните на претстојниот референдум.

Претседателот на Собранието се заблагодарил на Столтенберг за неговиот личен ангажман и поддршка за добивањето покана за полноправно членство во НАТО на Самитот во Брисел и порачал дека Македонија посветено работи на исполнувањето на реформската агенда, преку годишните планови за членство, но и со усвојувањето на Стратегискиот одбранбен преглед.

Џафери рекол и дека фокусот на активностите паралелно е насочен и во градењето и негувањето конструктивен дијалог со соседите и решавање на отворените прашања, како предуслов за индивидуален напредок, но и придонес кон регионалната стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...