fbpx

Столтенберг: Слабее напредокот кон НАТО кај дел од Западен Балкан, а се зголемува влијанието на Русија

-

Состојбите во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) биле една од главните теми на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Брисел, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Столтенберг, на прес-конференцијата, го истакна напредокот на Црна Гора во евроатлантските интеграции, но додаде дека кај дел од другите земји од Западен Балкан се забележува слабеење на напредокот околу интеграцијата во НАТО и назадување во реформските процеси.

– Денеска разговаравме за Западен Балкан. НАТО во ова подрачје игра значајна улога веќе долга низа години. Со нашата мисија на КФОР го чуваме мирот за сите граѓани на Косово, имаме три регионални канцеларии, перспектива за членство на две земји од регионот и активни партнерства со сите други, вклучувајќи ја и Србија. Црна Гора покажува колку може да биде постигнато во однос на прашањето на евроатлантските интеграции и ние го поздравуваме тоа што веќе 15 земји сојузнички го ратификуваа влегувањето на Црна Гора во НАТО. Но, во остатокот од регионот, прогресот е спласнат и видовме назадување во реформите. Поради тоа мораме да направиме повеќе за да ги поддржиме реформите и стабилноста, со повеќе политички дијалог, поголема практича соработка и со поблиска соработка со Европската Унија, бидејќи стабилноста на Западен Балкан носи поголема безбедност за Европа – изјави Столтенберг.

Прашан дали на состанокот било разговарано за влијанието на Русија во земјите од Западен Балкан и дали има некакви заклучоци, Столтенберг истакна дека е забележано зголемено влијание на Москва во овој регион, но оти НАТО не планира да се конфронтира со Русија и да одговара на пропагандата со пропаганда.

– Не бараме конфронтација со Русија туку веруваме во сувереното право на секоја земја да одлучи за својата иднина. Ние веруваме во отворени демократски општества каде ќе има различни погледи, отворени дебати како одраз на различните политички ставови на различни политички партии и различни групи во секоја од земјите, вклучувајќи го и правото на секоја земја да одлучи за својот пат. Видовме извесно зголемување на присуството на Русија, вклучително и во земјите од Западен Балкан, но нема да ѝ се спротивставуваме на пропагандата со пропаганда. Ќе ѝ се спротивставиме со отворена и слободна дебата бидејќи ние веруваме дека фактите и вистината ќе надвладеат на долг рок – рече Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...