fbpx

Столтенберг: Потврдени разликите меѓу НАТО и Русија

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска, по состанокот на Советот НАТО – Русија, изјави дека двете страни одржале „искрен и сериозен разговор“, без разлика на „длабоките несогласувања“.

По состанокот, кој се одржува по двегодишна пауза, Столтенберг рече дека се потврдени разликите во ставовите и одговорноста во и околу украинската криза.

– Русија ги опишува случувањата во Украина како граѓанска војна, а заборава дека, всушност, таа го дестабилизираше истокот на таа земја, поддржувајќи ги сепаратистите и снабдувајќи ги со оружје и со опрема, па и со финансии – рече Столтенберг.

Амбасадорите на НАТО изразија загриженост поради двата инцидента од минатиот викенд, кога руски авиони изведоа маневри во близина на американски авион кој летал во меѓународен воздушен простор.
НАТО ја суспендираше соработката со Москва во април 2014 година, по руската анексија на Крим во март 2014 година.

Столтенберг и шефот на руската дипломатија оттогаш имаа неколку средби, по кои беа разменети остри коментари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...