Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтелнберг, изјави денеска по средбата со белгискиот премиер Шарл Мишел дека на Самитот на Алијансата во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.
– Оптимист сум дека ќе биде донесено такво решение, како и за тоа дека на референдумот во Македонија ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција – нагласи Столтенберг, одговарајќи на прашање од новинарката на агенцијата „Анадолија“.
Генералниот секретар на НАТО повика за позитивен исход од референдумот и појасни дека поканата до Македонија за зачленување во Северноатлантската алијанса ќе уследи дури по ова народно изјаснување.