fbpx

Столтенберг: Канада и европските членки на НАТО ќе ги зголемат вложувањата

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека европските членки и Канада во 2017 година ќе ги зголемат издвојувањата за одбраната за 4,3 отсто.

– Европските сојузници мора повеќе да вложуваат во одбраната, не затоа што САД го бараат тоа, туку затоа што е во нивен интерес – рече Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел.

Тој рече дека 2017 година е трета по ред кога се зголемуваат издвојувањата за одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп често врши притисок врз членките на НАТО што не ги исполнуваат предвидените буџетски издвојувања за одбраната, кои изнесуваат два отсто од домашниот бруто-производ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...