fbpx

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

-

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина.

Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина да ги смират тензиите.

– Стабилноста во овој дел на регионот е многу значајна за цела Европа – порача тој.

Генералниот секретар на НАТО уверува дека Алијансата ќе продолжи да придонесува за стабилноста и безбедноста на Косово и дека нема да се прават измени во поглед на силите за одржување на мирот додека не се изанализира состојбата на терен.

Тој посочи дека пред средбата со претставниците на косовските институции и КФОР, разговарал со шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини, посочувајќи дека и таа како и НАТО сметаат дека е многу важно да се спроведуваат договорите постигнати досега во дијалогот на Приштина и Белград и дијалогот да продолжи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...