This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Dec 11 11:11:59 2018 / +0000 GMT

Стискам палци референдумот добро да помине, вели германската министерка за одбрана




Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен во изјава за МИА изрази уверување дека Македонија ќе ја добие поканата за НАТО денеска и оти планира да ја посети земјата наесен.

- Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели, и многу сум сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот и со нетрпение очекувам да ја посетам вашата прекрасна држава, во септември мислам - рече Вон Дер Лејен.

На прашање во врска со референдумот, Вон Дер Лејен одговори дека се надева оти тој добро ќе помине.

- Стискам палци референдумот добро да помине, многу е важно за нас, нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО - изјави германската министерка за одбрана.

Post date: 2018-07-11 12:41:10
Post date GMT: 2018-07-11 10:41:10
Post modified date: 2018-07-11 12:41:10
Post modified date GMT: 2018-07-11 10:41:10

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com