fbpx

„Стентон градба“ привремено го затвори каменоломот над Битола

-

Концесионерот на каменоломот на Билбил-камен во близина на Битола, фирмата „Стентон градба“, одлучи привремено да престане со работа сè додека не добие интергирана еколошка дозвола Б од надлежните институции. Ова денеска, на прес-конференција кај каменоломот, го изјави Гоце Стојановски, инженер во фирмата.

Според Стојановски, ставањето во мирување на рудникот претставува добар гест поради загриженоста на граѓаните на Битола, која, како што рече, се темели на невистини и на дезинформации.

Прашан дали од изрекувањето на забраната за работа од страна на Комисијата за животна средина на 27 март оваа година, до денеска рудникот продолжил со работа, без да ги почитува одлуката и решението на надлежните институции, Стојановски прво рече дека не е точно дека работеле, повикувајќи се на Законот за минерални суровини, а потоа потврди дека продолжиле со ископување на рудата и во изминатите денови.

– Точно, овие десет дена ние работевме. Ние како компанија ќе ја платиме таа глоба. Со самото издавање на дозвола за експлоатација од Министерството за економија, ние по законот имаме право да екплоатираме материјал. Издавањето на интегрирана дозвола Б е процес што треба да се реши во текот на работењето на рудникот. Значи, ние нема што да признаеме затоа што работиме во рамките на законот – рече Стојановски, наведувајќи дека глобата изнесува околу 5.000 до 6.000 евра.

Од „Стентон градба“ најавија дека ќе бараат одговорност од одредени политичари поради манипулации со јавноста околу загадувањето на воздухот и на околината со работата на каменоломот. Од фирмата тврдат дека рудникот не загадува, поради што планираат тоа, како што велат, да им го објаснат и на граѓаните во иднина.

– Приложивме два елоборати до Комисијата за животна средина за испитување на количеството на ПМ-честичките од две различни компании, со кои е утврдено дека количеството на честички е во рамките на доволеното, како и дека рудникот не е причинител на штетни звучни емисии – рече Стојановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...