fbpx

Стејт департмент за планот на Каменос: Цврсто го поддржуваме Договорот од Преспа

-

„Цврсто ја поддржуваме целосната имплементација на Договорот од Преспа“, одговорил функционер од Стејт департментот на САД на прашањето на дописникот на порталот „Реал.гр“ во Вашингтон за позицијата на САД во однос на планот Б на Панос Каменос, што наводно бил презентиран на неговата средба во Вес Мичел.

„Јавно не ги соопштуваме деталите од нашите лични дипломатски разговори, но позицијата на САД е јасна: го поздравуваме резултатот од референдумот во Република Македонија на 30 септември, на кој граѓаните ја изразија нивната поддршка за НАТО и Европската Унија со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Цврсто ја поддржуваме целосната имплементација на договорот, кој ќе ѝ дозволи на Македонија да добие законска позиција во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи во регионалната стабилност, безбедност и просперитет“ рекол функционерот од Стејт департментот за „Реал.гр“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...