fbpx

Стејт департмент: Изборите во Македонија се важен прв чекор за излез од кризата

-

Американскиот Стејт департмент го поздрави одржувањето на изборите во Македонија како важен прв чекор за излегување од политичката криза и ја повика новата влада конструктивно да работи со опозицијата при спроведувањето на реформи кои се значајни за евроатланската интеграција.

– Им честитаме на македонските граѓани што го искористија своето право на глас на парламентарните избори на 11 декември. Исто така, ги поздравуваме првичните заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи беа генерално почитувани. Одзивот беше висок, а изборите беа спроведени на мирен и уреден начин, со неколку случаи на процедурални нерегуларности. Се приклучуваме кон загриженоста на овие две организации околу административната подготвеност за изборите и ја охрабруваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетот во Државната изборна комисија и да се решат структурните и правните прашања во врска со гласачките списоци. Сметаме дека овие избори се важен прв чекор за Македонија да излезе од политичката криза. Ги охрабруваме партиите што ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформи кои ќе ја унапредат евроатланската интеграција, особено во областа на владеењето на правото. Сакам да ги уверам граѓаните на Македонија дека ќе имаат партнер во Соединетите Американски Држави при овие напори – изјави портпаролот Џон Кирби во Стејт департментот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо...