fbpx

Стејт Департмент: Историскиот договор ќе донесе придобивки за двете земји

-

Стејт Департментот денеска им честиташе на премиерите на Грција и на Македонија за договорот за разрешување на спорот за името, порачувајќи дека искажале визија и храброст.

„САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Оваа разрешница ќе донесе придобивки за двете земји и ќе ја засили регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас искажаа визија, храброст и истрајност во своите напори за взаемно прифатливо решение. Исто така ја поздравуваме посветеноста на посредникот од ОН, Метју Нимиц за неговите истрајни напори во текот на повеќе од две децении за да се разреши овој спор“, порача Стејт Департментот.

Потпишувањето на договорот вчера исто така го поздравија посредникот во преговорите Метју Нимиц, високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...