fbpx

Стечајците од „Фени“ денеска повторно ќе го блокираат патот Градско – Прилеп

-

Ако до пладне не им биде исплатена платата за октомври, вработените во комбинатот „Фени“, кој од пред помалку од една седмица е во стечај, ќе го блокираат патот Градско – Прилеп.

Во средата Основен суд Велес одлучи да биде отворена стечајна постапка за фабриката. Трите најголеми доверители, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ и „Силк роуд банка“, се надеваат дека фирмата ќе биде преземена од странски инвеститор, кој ќе ги намири сите долгови на „Фени“ – платите на вработени, долговите кон банките и долговите кон доставувачите.

Привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски пред некој ден рече дека се преземаат сите мерки за побрзо враќање на вработените на работа и за заштита на капиталот и на правата на работниците на „Фени“, како клучен сегмент во овој процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...