fbpx

Ставрески: „Ние трошиме на чоколада, а немаме леб“

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција објави аудиоснимки од разговори за трошење пари и за буџетски трошоци. Тој рече дека ова се признанија лично од министерот за финансии, Зоран Ставрески, и од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

На разговорите се слуша како Ставрески на недоличен начин ги карактеризира своите колеги министри, градоначалниците и функционери од власта.

– Ова се правело по налог од еден човек, премиерот Никола Груевски – изјави Заев.

Тој рече дека разговорите се правени за ребалансот на буџетот за 2012 година и за носењето на буџетот за 2013 година.

Во првите четири аудиоснимки, разговорите меѓу Ставрески и Јанкулоска се однесуваат на ненаменски потрошени пари. Ставрески се жали како се потрошени пари за мегаломански работи, а Јанкулоска дека нема пари и му предлага на Ставрески да ги намали платите.

Јанкулоска зборува и за ситуацијата во Општина Центар и за пречекорување на овластувањата на полицијата. Таа признава дека полициајците „спијат на железни кревети и се покриваат со ќебиња на кои пишува „ЈНА“, како и дека постојано добива закани од ЕВН за неплатени сметки“.

Во следната аудиоснимка што денеска ја објави Заев, снимен е разговор на Ставрески со Јанкулоска кои зборуваат за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, и за неговиот криминал со траспортот на учениците. Во еден дел од снимката се слуша како Страврески за Талески вели: „Копилето наместо да си покрие криминалот, бара преку ЗЕЛС ние да му ги покриеме долговите. Копилето игра крајно прљаво. Тој, кај што е неспособен, тежок криминалец, ама и перфиден актер, глумец, лигле, блефер…“

Во друга аудиоснимка, според лидерот на СДСМ, се слуша разговор на двајцата министри за директорот на Лотарија на Македонија и за пораките што Ставрески ги добивал од Груевски за тој скандал.

Јанкулоска во еден момент вели: „Кога гледам вака, буквално тој термин што го употребуваат комуњариве – забегани – тоа е тој“ .

Во последната објавена снимка, тврди Заев, Ставрески во разговор со Јанкулоска признава за долговите и за неразумните задолжувања.

Две аудиоснимки што на денешната прес-конференција ги објави Заев се, според него, разговори помеѓу Јанкулоска и Ставрески за проблемите што ги имаат.

„Добро, бе, Горде, кажи ми еве дали јас сум ненормален или не знам више шо да мислам … “, се слуша на една од објавените аудиоснимки.

„Ми пиша порака да направиме незаконски работи. Ми се идеше да му го треснам телефонот од глава“, ѝ вели Ставрески на Јанкулоска на снимката.

Во друг разговор, Ставрески раскажува за средбата на Груевски и на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и го нарекува евроамбасадорот со погрдни зборови.

Во одговорите на новинарските прашања, во врска со случаи како што е убиството кај Смилковско езеро и Харун Алиу, Заев рече дека „нема информации за нарачани убиства“, но дека има материјали за убиства.

Тој ѝ порача на јавноста да биде трпелива затоа што целата вистина ќе се открива чекор по чекор.

Заев додаде дека сè што поседуваат ќе објават, затоа што, како што рече, „со вакви луѓе, ако нешто скриеме, тоа го има Мијалков и ќе го свртат против нас“.

На прашањето каква разврска очекува, Заев одговори дека ова е најголема политичка криза од независноста на Македонија, но изрази надеж дека Груевски „нема да направи некаква белја“, алудирајќи на соопштението на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Заев рече дека „доаѓа крајот на оваа дикратура и режим“ и дека „ниту ќе има ниту очекува правна разрешница на оваа криза“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...