fbpx

Статусот на Египќаните на Балканот е најлош во Македонија, смета Земон

-

Владата на Република Албанија достави предлог-закон за заштита на националните малцинства по кој парламентот ќе одлучува наредниот месец. Опозицијата не учествува, меѓутоа не е сигурно колку владејачките партии ќе бидат согласни до бројот потребен за да се изгласа законот. Ако тоа се случи, Албанија веќе ќе биде една нова земја, чија постапка ќе има пошироки позитивни реперкусии на Балканот.

Во членот 3 на предлог-законот е наведено дека како национални малцинства во Албанија се сметаат Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.

И по сите притисоци на бугарските евро-пратеници и официјални лица на Република Бугарија, Албанија не прифати дека на нејзината територија живеат Бугари, односно бугарско национално малцинство.

Меѓу признаените национални малцинства се и Египќаните. Будењето на Египќаните, како посебен етнос, почна во Охрид, уште во раните осумдесетти години на минатиот век, во тогашна Југославија. Движењето почна во Струга, односно Охрид, во семејството на професор д-р Рубин Земон, лидер на Алијансата за позитивна Македонија.

Земон беше човекот што движењето од Охрид, го прошири на целиот Балкан и лично учествуваше во стекнувањето на одредени права за Египќаните. Патуваше во Србија, на Косово, во Албанија каде учествуваше на протести, што се гледа и од приложената фотографија. Сепак, во разговор за „Мета“, тврди дека на Балканот најмалку е постигнато токму во земјата од каде тргна движењето.

– И Македонија ќе биде условена ако не го реши проблемот со статусот на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Русите и со „другите“ во земјата. За жал, досега повеќе од 16 години, државата е глува, а извештаите на Совет на Европа бараат од Македонија да најде решение. Сепак, откако ќе се отвори поглавјето 24 од преговорите за ЕУ и кога ќе има притисок однадвор, повторно ли ќе имаме „тврдокорни“ и блокирање на Собранието – вели Земон.

Прашањето на добивањето на статус на национално малцинство на Египќаните во Албанија е со подолга историја, од најмалку 25 години. Во 2006 година беше организиран симпозиум кој ги расветли предрасудите во Тирана, а Египќаните беа поддржани од амбасадата на САД. Следеа првите протести на главниот плоштад во Тирана, мирно со паролите: „Сакаме статус (за Египќаните)“, „Сакаме да заврши сиромаштијата“, „Сакаме учество во донесувањето на одлуките “ и слично. Конечно на 12 април владата на Албанија, преку предлог-законот за заштита на националните малцинства ги призна Египќаните како национално малцинство во Албанија.

– Јас само да кажам дека имаме проблем, кој треба да се реши и во Македонија, а не да се стави под тепих! Да го следиме примерот на Албанија, но истото се случи и со Хрватска, Црна Гора и со Србија, земји кои со време си ги средија работите, без да има притисоци – додава Земон.

Во Албанија Египќаните имаат и своја партија за европско интегрирање, со пет советници во општини. Партијата до скоро беше со владејачката СП на Еди Рама, сега се со опозициската ДП, на Лулзим Баша. Во Србија и Црна Гора, дејствуваат преку Национални совети на Египќаните, на Косово веќе имаат и пратеник, со законско загарантирано право на избор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...