fbpx

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

-

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Оттаму велат дека доказ за тоа се промените што се случуваат тајно, без информирање на Синдикатот и тоа што бројот на работните позиции, според огласот, е драматично помал од актуелниот бројот на вработени во МПМ.

„Во клучни моменти во кои се решава судбината на вработените, тие се ставени пред избор ’земи или остави’, додека сопствениците се зафатени или се на пат. Условите за вработување се на определено време, со што новите работници ќе бидат лесно уценувани со губење на работата доколку на каков и да е начин бидат оценети како неподобни“, стои во соопштението на Синдикатот.

Од ССНМ ги повикуваат институциите, пред сè Министерството за труд и социјална политика, но и правосудните и истражните органи да се „позанимаваат со случајот во кој е очигледно дека законските прописи се користат на начин на кој единствени губитници од лошото менаџирање ќе бидат тие што се и најмалку одговорни – вработените“.

„На колегите од ’Медиа принт Македонија’, ССНМ јавно им порачува да не потпишуваат однапред никакви спогодбени откази затоа што така ќе ги загубат можностите да ги наплатат своите побарувања (неисплатените плати), како и поддршката што им следува од Агенцијата за вработување во случај на стечај“, нагласуваат од Синдикатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...