fbpx

ССНМ: Нападот во Париз е варварски чин на насилство

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение изрази шокираност и згрозеност од денешниот, како што велат, дивјачки напад во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во кој загинаа 12 лица, од кои 10 новинари, и изрази сочувство до семејствата на убиените и до целата француска јавност.

„ССНМ, ја дели оцената на Европската федерација на новинари, која масакрот го нарече варварски акт на насилство против новинарството и против слободата на медиумите. Воедно, ССНМ ги повикува македонските колеги утре во 11 часот каде и да се, да се придружат кон едноминутното оддавање почит за убиените новинари што во Меѓународниот прес-центар го организира Европската федерација на новинари“, пишува во соопштението на ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...