fbpx

ССНМ најостро ги осуди заканите со тужби од бизнисменот Гечев кон Лупевска Созен

-

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ССНМ, изразува најостра осуда и протест поради директните закани кон новинарката Снежана Лупевска Созен и телевизија „Телма“ искажани вчера за време на интервјуто на „Топ тема“ од страна на сопственикот на „ИГМ трејд“, Илија Гечев, се вели во соопштението на ССНМ.

Во него се додава дека јавната закана дека Лупевска ќе биде повеќекратно тужена, со ангажирање на „најдобри и скапи“ адвокати не е многу поинаква од закана за физичка пресметка.

„Методите можеби се разликуваат во зависност од позицијата, воспитувањето и економската моќ на заканувачот, но целта е иста – да се замолчи новинарот и  да се обесхрабри раководството на медиумот да протежира истражување на прашање од јавен интерес“, се вели во соопштението на ССНМ.

Од таму објаснуваат дека користењето тужби како закана и притисок врз новинарите и медиумите во кои тие работат е постојано посочувано како проблем од страна на новинарската заедница.

„Сега јавноста имаше можност во живо да се увери на каков третман се изложени новинарските екипи кога истражуваат случаи во кои се инволвирани лица кои се доживуваат, а и де факто имаат третман на моќници. ССНМ јавно бара од Стопанската комора на Македонија да организира обуки на своите членки каде тие ќе бидат дополнително едуцирани за слободата на изразување, општествената одговорност и јавниот интерес. Затоа што се покажува дека чувството за јавен интерес и општествената одговорност се право пропорционални со  моќта. Само на тој начин новинарите ќе можат без притисоци и закани да ја извршуваат својата работа, а компаниите да го задржат својот интегритет и да научат да се носат со општествена одговорност“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...