fbpx

ССНМ: Кога новинарите вербално ќе бидат нападнати, колегите да го напуштат настанот

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ најостро го осудува насилното и примитивно однесување на членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил, Сашко Станоевски кон новинарот на телевизијата „Алсат – М“, Иле Петрески на прес-конференцијата, во моментот кога тој постави легитимно новинарско прашање.

„За жал, повторно имавме можност да посведочиме на каков третман се изложени новинарските екипи кога поставуваат прашања до оние кои себеси се доживуваат или имаат третман на моќници. ССНМ потсетува дека прес конференциите не се полигон за изживување и навреди кон новинарите и медиумските работници туку место од каде претставниците на Кластерот преку комуникација со новинариските екипи и се обраќаат на јавноста. Оттаму, односот што членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил Сашко Станоевски го демонстрираа кон колегата Петрески говори за нивниот однос и почитување на јавноста на која и се обраќаат како и за нивната неспособност да одговорат на легитимни прашања кои токму преку новинарите истата таа јавност би им ги поставила“, се вели во соопштението на ССНМ.

ССНМ бара од Кластерот за текстил, кој во своите активности и услуги наведува и обуки за своите членки, да се посвети на нивното едуцирање за слободата на изразување, јавниот интерес и корпоративната одговорност, како и извинување до колегата Петрески и „Алсат- М“.

„Како синдикат ССНМ апелира до надлежните институции да ги засилат инспекциите во текстилните фабрики, бидејќи односот на сопствениците кон новинарите укажува на реална опасност дека вработените во тие фабрики се изложени на сериозен мобинг и заплашување. Ако некој нема проблем да биде насилен пред камери, не е тешко да се претпостави како се однесува кон оние што поради природа на работите му се подредени, а тоа се текстилните работнички за кои постојат сериозни индиции дека работат во нечовечни и експлоатирачки услови“, се додава во соопштението.

ССНМ апелира до колегите новинари да бидат будни во препознавањето на потребата за одбрана на професионалното достоинство секогаш кога се сведоци на вербален или физички напад на нивен колега и да покажат солидарност со бојкот и напуштање на прес-конференцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...