!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ССНМ ќе го поддржи Маршот за женски права поради дискриминација на новинарките


       
Скопје, 7 март, 2017 - 10:59 (META) 
Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) ќе даде поддршка и ќе му се приклучи на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре, во 12 часот, пред споменикот „Олимпија“ на плоштадот „Филип Втори“. Маршот е за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и за должно почитување.
– На 8 март 1977 година, Обединетите нации го востановија Меѓународниот ден со кој се одбележува борбата за правата на жените. Денес, 40 години подоцна, кога сè повеќе новинарки се изложени на дискриминација во однос на работните обврски, во плати, кога се изложени на психичко, физичко, а во последниве години и на интернет-малтретирање, наша одговорност како Синдикат и како новинари е да го подигнеме гласот за родова еднаквост – се вели во соопштението на ССНМ.Оттаму велат дека „ако работничките на „Њусвик“ пред речиси половина век први во историјата поднеле тужба против дискриминација, не смее да се дозволи во 21 век да ни недостига храброст и солидарност“.

– Медиумите не можат да бидат слободни доколку женските гласови се замолчени – велат оттаму.