fbpx

ССК: Секоја компанија што се занимава со туризам, да го обучува кадарот

-

Tуристичките можности што ги нуди Македонија, потенцијалите за унапредување на туризмот, проширување на туристичката дејност во делот на алтернативниот туризам, како и за потребата за постојано инвестирање во туризмот за промоција на Македонија во европски и во светски рамки, бea темите на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК).

Според претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК, Аркан Керим, туризмот е еден од најбрзорастечките економски сектори кој располага со големи можности за привлекување странски и домашни гости, што воедно значи и можност за нови работни места.

– Вложувањето во туризмот, во угостителството и во кулинарството како нераздвојни туристички сегменти, развојот на кадар и иновативноста несомнено даваат позитивни резултати. Во оваа насока, инвестирањето во обучување на квалитетен кадар треба да биде девизата на секоја компанија со дејност туризам во Македонија. Едукацијата и усовршувањето сочинуваат континуиран процес, но прецизноста и следење на правилата се круцијални за константност и за квалитет – истакна Керим и ја посочи можноста за поголема посетеност на Македонија од европските туристи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...