fbpx

Српскиот омбудсман се уште не одлучил дали ќе кандидира за претседател на Србија

-

Народниот правобранител на Србија, Саша Јанковиќ се уште не одлучил дали ќе ја прифати иницијативата на 100 јавни личности да се кандидира за претседател на земјата, јави дописникот на „Мета“ од Белград.

Заблагодарувајќи им се на потписниците на апелот за поддршката и за довербата, Јанковиќ соопшти дека со соработниците ќе продолжи да работи како што досега работел, се додека не дојде времето за нови одлуки.

Сто јавни личности, меѓу кои угледни книжевници, новинари, актери и професори денеска апелираа Јанковиќ да се кандидира за претседател на Србија како независен пратеник и ги повикаа демократски ориентираните граѓани и партии да ја поддржат иницијативата.

Тие оценуваат дека Србија веќе неколку години се соочува со длабока и тешка криза, дека институциите се разорени или под притисок, како и дека сиромаштијата е реалност за мнозинството граѓани и додаваат дека граѓаните имаат можност да почнат да ги менуваат работите на претседателските избори кои треба да се одржат следната година.

Меѓу потписниците на апелот се и писателот Драган Великиќ, режисерот Горан Марковиќ, глумците Небојша Глоговац, Бранко Цвејиќ, Воја Брајовиќ, Никола Којо, Никола Ѓуричко, Предраг Ејдус и Радослав Миленковиќ, универзитетските професори Илија Вујачиќ, Ратко Божовиќ и Миодраг Зец, правниците Вида Петровиќ-Шкеро и Зоран Ивошевиќ и други јавни личности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....