fbpx

Српски медиуми: Уставните промени се невозможна мисија, нови избори сè поизвесни

-

„Вонредни избори во Македонија се поизвесни“, и „Промените на уставот станаа невозможна мисија“, се денешните наслови вза Македонија во медиумите блиски од власта во Србија.

Во извештајот од Скопје, агенцијата „Танјуг“ пишува дека после три дена дебата во македонскиот парламент се помали се изгледите дека власта и опозицијата би можеле да постигнат било каков договор за уставните промени. Се наведува дека опозицијата останала цврсто на ставот дека Договорот со Грција е неприфатлив, што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јасно му го пренел на американскиот функционер Вес Мичел порачувајќи му дека за пропаста на Преспанскиот договор не е одговорна опозицијата туку владата на Зоран Заев.

Во текстот се пренесува и острата реакција на СДСМ на премиерот Зоран Заев од каде соопштуваат дека „Мицкоски во очите на демократскиот свет е срам за Македонија“. Се додава дека и прва „жртва“ на Преспанскиот договор е грчкиот министер за надворешни работи, Никоас Коѕиас кој после конфликтот со министерот за одбрана Панос Каменос поднесе оставка.

Повеќе медиуми пренесоа и дека „во очекување на гласањето во Собрание за потребата од уставни амандмани во согласност со Договорот од Преспа, Македонија денеска и официјално во Брисел ги започна преговорите за приклучување во НАТО“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...