fbpx

Српската полиција заплени големо количество оружје во акција во Нови Сад

-

Српската полиција во вторникот вечерта, во Нови Сад, имала акција во која билo запленетo поголемо количество експлозив и оружје и со тоа пресекла синџир за шверц на оружје.

Српските медиуми јавуваат дека во акцијата биле уапсени двајца мажи на кои им бил одреден 48-часовен притвор.

Оружјето било пронајдено во автомобил марка „мазда“. Во возилото имало околу три килограми пластичен експлозив со голема разорна моќ, два детонатори, девет рачни бомби, три автоматски пушки, два митралези и 160 куршуми со калибар 7,62 милиметри.

Дел од оружјето и експлозивот биле во багажникот, додека другото оружје било скриено зад тапацирите на автомобилот.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, изјави дека со оваа акција бил пресечен голем синџир за шверц на оружје кон Франција.

„Бидејќи како регион од 1990-тите години сме изложени на големо количество оружје и муниција кои нелегално се користат, мислам дека ова е една важна порака до граѓаните да се ослободат од таквото оружје, меѓу другото и затоа што се предвидени високи затворски казни“, изјави српскиот министер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...