fbpx

Српската народна партија бара да се изгради ѕид на границата со Македонија

-

Српската народна партија (СНП) смета дека Србија треба, по примерот на Унгарија, да подигне ѕид на границата со Македонија, затоа што само така може да се спречи приливот на мигранти.

„Крајно време е да почнеме да се однесуваме како секоја друга земја од западна Европа која на прво место го става својот, а не туѓиот интерес“, се вели во соопштението на СНП.

Од партијата потсетуваат дека според дефинициите на ОН и ЕУ, бегалци се оние кои бегаат од војна, азиланти се лица кои се загрозени во татковината поради своите политички ставови, а мигранти се оние кои се преселуваат во потрага по подобар живот.

„Во Србија немаме официјален став за која категорија луѓе станува збор, освен што секојдневно пристигнуваат алармантни вести од официјални кругови дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени 100.000 барања за азил, што нас ќе не чини дополнитилни 150 милиони евра, а во јужниот дел од земјата ќе се гради монтажен град за дури 400.000 азиланти“, се вели во соопштението на партијата.

Според СНП, Собранието на Србија треба да ја спречи можноста мигрант да побара право на азил ако веќе поминал низ сигурна земја, а тоа се Грција и Македонија, а не побарал таму азил.

„Јасно е дека ЕУ сака мигрантите трајно да останат во Србија и затоа само наивен човек може да помисли дека Брисел не го поддржува градењето на ѕидот на границата на Унгарија и Србија“, додаваат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...