fbpx

Средношколците учат програмирање од учебник од 2010 година

-

Во средните стручни училишта проблемот со недостиг, но и со неквалитетно напишани учебници е најизразен. Стручното образование секоја година запишува далеку помал број ученици споредено со гимназиите, а малиот тираж, како што велат од министерството, не е доволна мотивација за професорите да напишат учебници.

Во средните стручни училишта се учи од стари учебници. Проблем е учебникот по предметот Програмирање кој е стар осум години, а за тој период многу работи во дигиталните технологии се напреднати и тој едноставно, не може да се користи во наставата.

Во средните стручни училишта во моментов се чекаат да пристигнат оние учебници кои се нарачани. Оттаму објаснуваат дека не се работи за тоа дека нема кој да седне да напише учебник по предметот по кој недостасува, туку дека имаат лошо искуство со одговорните во Министерството за образование и наука.

-Мои колеги се нафатија да пишуваат учебници, но на крајот половина не ги исплатија, а половина им завршија учебниците во фиока, не беа испечатени. Згора на тоа, квалитетна книга не се прави за краток временски период, потребно е време – вели професор во едно училиште за средно образование.

На професорите генерално не им се исплати пишуваат учебници, а тие се единствените стручни во областите за предметите кои се предаваат во стручните училишта. Со ова е согласен и заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, кој за „Мета“ соопшти дека ќе бара начини да се најде решение за овој проблем.

-Планираме како министерство да ги мотивираме повеќе професорите во средно, за да пишуваат учебници.  Се надевам дека со професорите професионалци во одредени области ќе изнајдеме решение за проблемот со недостиг од учебници во средното стручно образование – рече Атанасов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...