fbpx

Матурата ќе се полага, наставата ќе се бојкотира, пред МОН ќе се протестира

-

Матурантите кои протестираа и ја бојкотираа наставата ќе ги пополнат пријавите за државна матура, но нема да го прекинат бојкотот на наставата. Тие велат дека пријавите ги потпишуваат од технички аспект, чисто формално, но остануваат на барањата затоа што не е постигнат компромис со надлежните.

За наредните три дена најавија протести, кои ќе почнат во 17 часот пред Министерството за образование и наука.

– Потпишувањето на пријавите не значи дека се откажуваме од нашата борба. Напротив, ние матурантите ако ги потпишеме овие пријави, значи дека, за разлика од МОН, сме разумни и сакаме да положиме матура навреме и сакаме да бидеме академски граѓани што ќе успеат во својата држава. Ние имавме две барања кои се истрајни, разбирливи и разумни. Со ова потпишување ние не се откажуваме, не ги оставаме помалите ученици, туку ние ќе потпишеме зашто сакаме навреме да завршиме со школската година и се грижиме за нашето образование. Меѓутоа, ќе останеме тука, бојкотот ќе продолжи и ќе останеме сите генерации сплотени сè додека не ја извојуваме нашата борба за подобро образование. Тоа што речиси 25 дена не сме на училиште е виновно Министерството затоа што ние бевме на располагање за преговори уште од првиот средношколски марш. Ние не го сакаме тоа, но таков избор тие ни оставија – вели средношколката Калина Прелиќ.

Од „Среднишколски пленум“ велат дека во училиштата доаѓале цивили претставени како инспектори без легитимација кои, според средношколците, се обидувале да ги заплашат учениците со парични казни од 2.000 евра и се обидувале да земат лични податоци од нив како матичен број, име и презиме, адреса и професија на нивните родители. Но, средношколците велат нема да подлегнат на такви притисоци и дека таквите закани само ги мотивираат да бидат посплотени.

– Во наредните три дена со почеток од 17 часот ќе организираме мирен протест пред МОН за да им покажеме на институциите дека тука нема да запреме бидејќи они сакаа да си поиграат со нас, сега ќе нè видат на улица заедно со нашите родители, наставници и граѓани кои нè поддржуваат. Со петицијата за средношколците собрани се повеќе од 10.000 потписи на поддршка – вели Александар Милески.

Родителите на средношколците велат дека тие ги поддржуваат своите деца затоа што се во право, а не затоа што родителите се политички определени.

– Сметаме дека децата се во право и сите родители ги поддржуваме децата. Кај родителите нема никаков политички аспект на проблемот, туку едноставно грижа за нашите деца. Тие се во право дека нашето образование не е во ред и овие реформи набрзина направени не придонесуваат тоа да се поправи. Нека се направат реформи, меѓутоа не среде година и на овој начин – вели родител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...