fbpx

„Средношколски пленум“ повика на јавен собир на 1 септември

-

Повик до сите граѓани, за јавен собир, во паркот на новинарите, наспроти Министерството за образование на 1 септември во 18 часот упатија членовите на „Средношколски пленум“.

Пленумци велат дека повторно се враќаат да ја извојуваат битката која што ја започнаа минатата година.

„Се надеваме дека Министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел на 1 септември во 18 часот, ве повикуваме на јавен собир во Паркот на Новинари кој ќе биде проследен со алтернативни предавања, панел дискусија и уште многу други активности. Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавена наскоро. Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од било кога“, велат од Пленумот.

Средношколците бараат во текот на наредните 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации.

Второто барање на средношколците е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...