fbpx

„Средношколски пленум“ од утре почнува бојкот на наставата

-

„Средношколски пленум“ најавува дека од утре средношколците ќе почнат со бојкот на наставата во средните училишта. Од пленумот повторно го повикаа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими на средба и на преговори.

„Ѝ соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, „Средношколски пленум“ ги радикализира своите мерки и активности околу запирање на лошите реформи во образованието. Имено, под радикализација подразбираме почнување бојкот на наставата во средните училишта. До почнување со ваква форма на изразување на незадоволството дојде по таканаречената последна опомена која им ја дадовме на надлежните институции и по недобивањето одговор и повратна информација од нив, и покрај нашите неуспешни макотрпни обиди и трудови нашиот глас да биде слушнат и да стапиме во контакт со институциите, за кои сметаме дека си поиграа со нас и ја изневерија нашата доверба. Воедно, ја користиме оваа можност, повторно да го повикаме министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими претставниците на „Средношколски пленум“ на средба и на преговори, бидејќи во спротивно, ќе продолжиме со нашите активности за изразување на незадоволството и на револтот кој е предизвикан кај учениците“, велат од „Средношколски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...