fbpx

Средба за подобрување на правата на малцинствата во Албанија

-

Секторот за човекови права при албанското министерството за надворешни работи, во Тирана, организираше средба со претставници на малцинствата на која се дискутираше за подобрувањето на законската рамка и на политиките за почитување и за заштита на малцинствата во Република Албанија, пренесе електронскиот весник „Македониум“.

Министерството за надворешни работи на Албанија е носител и ја координира ова работната група, чија задача е да предложи подобрување на законската рамка и политики за почитување и за заштита на малцинствата во Албанија.

– Еден од петте приоритети на Европската комисија, кои треба Албанија да ги исполни, е поврзан со заштитата на правата на малцинствата. Со одлука на премиерот Еди Рама, формирана е работна група составена од претставници на неколку министерства и други независни институции, како Народниот правобранител, Комесарот за заштита од дискриминација и други институции – вели Васил Стерјоски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

На средбата претставниците на малцинствата покренаа повеќе прашања кои се од нивни интерес и кои Албанија треба да ги исполни. Од страна на македонското малцинство, свое обраќање пред Секторот за човекови права на МНР на Албанија имаше Васил Стерјовски, кој зборуваше за положбата на македонското малцинство во Албанија, кое се признава само во областа на Мала Преспа и на селото Врбник во Деволската област, но не се признава во областите Гора и Голо Брдо.

Стерјовски особено го апострофираше проблемот со укинувањето на македонските општини во областите Гора и Голо Брдо, неможноста за изучување на македонскиот јазик во училиштата и слично.

Стерјовски истакна дека е потребно носење закон за малцинствата, со кој ќе се регулира признавањето на македонското и на другите малцинства на целата територија на Албанија. Со закон треба да се регулира овозможувањето образование на мајчин јазик за малцинствата, посебен фонд за поддршка на културата на малцинствата, како и реорганизација на Државниот комитет за малцинствата и негова функционалност.

На средбата присуствуваа и претставници од Советот на Европа и од Амбасадата на Европската унија во Албанија.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...