fbpx

Средба Ципрас – Кувелис в понеделник

-

СИРИЗА и Демократска левица полека почнуваат со договорите и со преговорите за соработка во случај на предвремени избори. Првиот човек на СИРИЗА, Алексис Ципрас, вчера веќе разговарал со Фотис Кувелис околу програмата и ставовите на двете партии. Потпаролот на СИРИЗА, Панос Скуртлетос, објави дека двајцата лидери ќе ја имаат првата средба на 29 декември, по третото гласање за Димас.

Кувелис и Ципрас разговараа за коалицирање во 2012 година кога Ципрас доби мандат да се обиде да формира влада. Меѓутоа, разговорите пропаднаа бидејќи Кувелис оцени дека ставовите на СИРИЗА не беа во иста насока со позициите на Демократска левица за европската перспектива на Грција. Демократска левица се одлучи да коалицира таа година со Нова демократија и со ПАСОК и помогна по двата круга предвремени парламентарни избори да се формира влада во државата, меѓутоа по една година ја напушти поради несогласување со строгоста на мерките за штедење што ги следеше коалицијата на Нова демократија и на ПАСОК.

Дали Кувелис ќе најде заеднички јазик со Ципрас останува да се види по конечното гласање в понеделник.

Договарањето на Кувелис со Ципрас ја чинеше Демократска левица една пратеничка, која ја напушти партијата непосредно пред второто гласање за претседател.

Рејтинзите на Демократска левица по излегувањето од коалициската влада потонаа, а последните анкети на медиумите покажуваат дека партијата можно е на следните избори да не успее воопшто да влезе во парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...