fbpx

Средба помеѓу делегации на Македонија и Бугарија предводени од Анѓушев и Дончев

-

Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба помеѓу вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев.

Од владиниот прес-центар информираат дека во главниот фокус на разговорите било продлабочувањето на економската соработка и бизнис релациите помеѓу двете земји во 2019 како важен предуслов за продолжување на трендот на зголемување на обемот на трговска размена, што претставува придобивка од потпишувањето на Договорот за соработка, добрососедство и пријателство помеѓу двете земји.

-Дозволете ми да ви се заблагодарам за големата поддршка што Република Бугарија ни ја дава на нашиот пат за зачленување во НАТО и ЕУ. Потпишаниот Договор за добрососедство, соработка и пријателство покажа дека имаме пријател кој сака да не види во ЕУ И НАТО. Сега, откако ги решивме отворените политички прашања е идеално време да се посветиме на економијата. Очекувам и во иднина да се зголемува економската соработка помеѓу двете земји, организирањето на прв македонско – бугарски бизнис форум на почетокот на годината е убав сигнал за компаниите од двете земји – рече Анѓушев.

Дончев нагласил дека развивањето на добрососедските односи има значајно влијание во зголемувањето на соработката во повеќе сектори и порача дека двете влади треба да му помогнат на бизнисот со тоа што ќе работат на надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите во двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...