fbpx

Средба на вицепремиерот Бесими со новиот амбасадор на Шпанија

-

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими, денеска оствари средба со новиот шпански амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Рамон Абароа Каранза.

На почетокот на средбата, вицепремиерот Бесими му честиташе на амбасадорот за новата функција, посакувајќи му успешна работа во неговиот мандат и, воедно, се заблагодари за поддршката што Република Македонија ја добива во континуитет од Кралството Шпанија.

На средбата се разговараше за процесот на европска интеграција на Република Македонија, беа дискутирани клучните постигнувања и предизвици со кои се соочува земјата, нотирани во октомврискиот извештај на Европската комисија, како и сите активности кои Владата на Република Македонија и Секретаријатот за европски прашања ги презедоа во насока на надминување на предизвиците и постигнување на дополнителен напредок до декемврискиот Совет на ЕУ. При тоа од вицепремиерот Бесими беше истакнато дека, тргнувајќи од фактот дека европската интеграција останува стратегиски приоритет за нашата земја и за граѓаните на Република Македонија, сите органи на државната управа во координација со Секретаријатот за европски прашања работат напорно во насока на подобрување на реформскиот процес, кој, пред сè, е од интерес на нашите граѓани.

Заменик претседателот Бесими истакна дека на Шпанија гледаме како на добредојден партнер со високи потенцијали за развој на билатералната соработка, јакнење на административните капацитети за искористување на ИПА и поддршка во процесот на приближување кон ЕУ.

Во изминатиот период Шпанија учествуваше во четири проекти на збратимување, значителна е нејзината контрибуција во хидросистемот „Лисиче“, поддршката за информациска и коминикациска технологија наменета за општините, како и обуките преку ТАЕКС.

Шпанскиот амбасадор Каранза, истакна дека Кралството Шпанија силно се залага за проширување на Европска Унија и ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија на овој пат, вклучително и преку конкретни билатерални проекти за развојна и секторска соработка.

Двајцата соговорници истакнаа дека добрите билатерални односи и размената на искуства помеѓу администрацијата и останатите заинтересирани страни меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија и понатаму ќе продолжат, како и дека ќе се работи на продлабочување на понатамошната соработка во приоритетните реформски области.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...